Мејсон Маунт (24) кариерата ќе ја продолжи во Манчестер јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор. Маунт по 18 години го напушти Челзи, каде пристигна на шестгодишна возраст, но се пресели на „Олд Трафорд“, во трансфер чија вредност се проценува на 55 милиони фунти (околу 64 милиони евра) со евентуално додавање на уште пет милиони во бонуси.
Ова е осми најголем трансфер во историјата на Манчестер јунајтед. Повеќе пари клубот низдвои само за Пол Погба (105 милиони евра), Ентони (95 милиони евра), Хари Мегваер (87 милиони евра), Џејдон Санчо (85 милиони евра), Ромелу Лукаку (85 милиони евра), Анхел Ди Марија (75 милиони евра) и Касемиро (70 милиони евра).
Специјализираниот англиски портал „Goal.com“, го анализираше овој трансфер.
Англичаните веднаш во насловот упатија жестоки критики на адреса на клубот, пишуваат дека Маунт е „преплатен“.
„За Челзи: Уште еден непожелен играч кој е симнат од платниот список. Нејасно е како Маунт успеа да потоне толку многу во хиерархијата на тимот на Челзи. Во еден момент изгледаше како домашен херој, човек околу кого ќе се гради тимот. Потоа минатата сезона тој постигна само три гола и поголемиот дел од времето го помина на клупата. Што и да мисли некој за неговите квалитети тој стана небитен за Челзи. Единствено им беше важно да заработат од неговата продажба бидејќи влезе во последната година од договорот.Тоа го направија. Зедоа 70 милиони евра за играч кој не им беше потребен. Добро завршена работа.
За Јунајтед: Многу чуден избор. Маунт е способен да игра во повеќе улоги помеѓу средниот ред и нападот, а неговата разновидност е секогаш корисна. Тој е и голем работник на теренот, затоа им се допаѓа на многу тренери, но не е генерациски талент, не е играч кој сам го менува текот на играта и не е она што сега му треба на Јунајтед. Маунт може да биде корисен но цената е астрономска и нема врска со тоа колку вреди. Особено кога ќе погледнете колку Тотенхем и Ливерпул платија за Џејмс Медисон и Алексис Мекалистер“.