Top Sport

Наместо фотка со Вембањама, Бритни Спирс добила шлаканица

Виктор Вембањама е најновата НБА суперѕвезда. 19. годишниот Французин влегува во лигата како најочекуван играч по Леброн Џејмс, а беше драфтуван од Сан Антонио Спарс.

Американските медиуми јавуваат дека дошло до инцидент меѓу обезбедувањето на младиот кошаркар и поп ѕвездата Спирс.

Според овие изври, Спирс го забележала Вембањама во Лас Вегас и сакала да се фотографира со него. Таа го фатила за рамо, а обезбедувањето веднаш реагирало и наводно и еден од нив и удрил шлаканица на познатата пејачка.

Младиот кошаркар набрзо проговори за инцидентот: „Да, нешто се случи. Отидовме во ресторан и имаше многу луѓе во салата. Многу од нив ми довикуваа, но обезбедувањето веќе ми кажа да не застанувам бидејќи ќе се направи голема гужва.

Некој ме зграпчи одзади. Не видов точно што се случи бидејќи само продолжив да одам. Знам дека обезбедувањето ја оттурна. Не знам колку силно ја оттурнаа. Мислев дека не е ништо страшно, а потоа ми кажаа тоа била Бритни Спирс Мислев дека се шегуваат“, откри Вембањама.

Scroll to Top