Шпанскиот голман Давид Де Хеа си заминува од Манчестер јунајтед, официјално потврди клубот од „Олд Трафорд“. Тој мина 12 години во англискиот премиерлигаш, за кои вели дека биле прекрасни.
„Би сакал да искажам благодарност за љубовта која ја добивав во овие 12 години во клубот. Секогаш со огромна гордост го носев дресот на најголемиот клуб на светот. Манчестер Јунајтед секогаш ќе ми биде во срцето“, истакна Де Хеа на социјалните мрежи.
Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на „црвените ѓаволи“.
Шпанецот во Манчестер Јунајтед дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година и имаше 545 настапи, а на 190 меча не прими гол и постави нов клупски рекорд. Со Манчестер Јунајтед ги освои Премиерлигата, ФА купот, Лига Европа и два Лига купа.