Top Sport

Полјаците ќе го избркаат Фернандо Сантош

Фудбалскиот сојуз на Полска е блиску до одлуката да го отпушти селекторот Фернандо Сантош. Португалецот, ја преседе репрезентацијата на Полска по завршувањето на Светското првенство во Катар.

Фернандо Сантош во декември минатата година доби отказ од селекторската функција во Португалија. Елиминацијата од Мароко, во четвртфиналето на Светското првенство, во Португалија беше означна како голем неуспех.

Европскиот првак со Португалија и освојувачот на првото издание на Лигата на нации, експресно најде работа. Го прифати повикот од Полска, селекција која во Катар испадна во осминафиналето.

Полска лошо влезе во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Во првите три натпревари освои само три кола. Сантош отказ може да добие поради шокантниот пораз од Молдавија на 20 јуни. Полска против аутсајдерот имаше предност од 0:2, на крајот Молдавците славеа со 3:2.

Претходно, во првото коло во Ф-групата, Полска со 3:1 загуби од Чешка и ја победи Албанија со 1:0.

Во наредното коло, Полска на 7 септември ќе ги пречека Фарските острови.

Полските медиуми пишуваат дека доколку Сантош добие отказ, на неговото место ќе дојде Јиржи Енгел, кој ја водеше Полска од 2000 до 2002 година.

Scroll to Top