Top Sport

Хендерсон ќе го напушти Ливерпул?

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да го напушти Ливерпул во овој преоден рок. Доколку се реши на трансфер, Хендерсон ќе се пресели во клубот каде тренер е човекот од кого ја наследи капитенската лента во Ливерпул.

„Лекип“, пишува дека, Ал Итифак е во преговори со Хендерсон. Минатата недела овој клуб од Саудиска Арабија за тренер го назначи Стивен Џерард.

Реално, трансферот би можел да биде реализиран, бидејќи Ливерпул донесе двајца нови играчи во редот за врска. Договори со клубот потпишаа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај, а блиску до потпис е и фудбалерот на Саутемптон, Ромео лавија.

Сепак прашање е дали менаџерот Јирген Клоп ќе сака да остане без Хендерсон, кој е главен авторитет во соблекувалната на Ливерпул.

Scroll to Top