Челси на својата официјална веб-страница го претстави новиот домашен дрес што фудбалерите на лондонскиот клуб ќе го носат во сезоната 2023/2024, што е почит кон клупската историја. На дресот ќе има постара верзија на грбот на Челси и нема да има спонзори.
Дресот е директна референца за сезоната 1997/1998 кога Челси го освои првиот европски трофеј во историјата на клубот.
Џанфранко Ѕола постигна гол во финалето на Купот на победниците на куповите во Стокхолм против Штутгарт, а играч-тренер во таа генерација беше Џанлука Вијали.
Chelsea’s official 2023/24 home kit… ✅ pic.twitter.com/hM8mNvrJ8x
— LDN (@LDNFootbalI) July 10, 2023