Top Sport

Де Лаурентис: Осимен и следната сезона ќе го носи дресот на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, недвосмислено изјави дека ѕвездата на тимот Виктор Осимен и следната сезона ќе игра за тимот. Офанзивниот фудбалер е цел на неколку европски гиганти, а најсериозен се смета интересот на Манчестер Јунајтед.

„Ќе го видиме Виктор Осимен како го носи нашиот дрес и следната сезона, тоа е сигурно. Потоа, ако дојде одлична понуда, ќе продолжиме и ќе најдеме друг врвен талент, како што направивме со Кварацкелија и со Осимен“, изјави Де Лаурентис.

Наполи за Осимен бара 180 милиони евра отштета, а во оваа фаза ретко кој би дал толкава сума. Фудбалерот минатата сезона успеа да постигне 26 гола на 32 натпревари во Серија А.

 

 

Scroll to Top