Јувентус упати интересна понуда до Челси за размена на играчи. Клубот од Торино сака да го ангажира напаѓачот Ромелу Лукаку и е подготвен да го испрати српскиот интернационалец Душан Влаховиќ на „Стемфорд Бриџ“, тврди „Кориере дело спорт“.
Јувентус го идентификуваше Ромелу Лукаку како замена за Србинот, а зделката може да биде од взаемна корист за двата клуба, бидејќи и Челси има интерес за Влаховиќ.
Белгиецот Лукаку ја мина ланската сезона на позајмица во Интер и се надеваше дека ќе остане таму, но сега се појави опција да замине и кај најголемите ривали на „нероаѕурите“.
Предлогот на Јувентус до Челси е да се разменат двајцата играчи, при што лондончани ќе платат дополнителни 25 милиони евра. Така ќе се покрие разликата во цената на двајцата напаѓачи. Во оваа фаза сѐ уште не е јасно дали „сините“ се подготвени да направат ваква размена.