Емполи официјално го објави потписот на Даниел Малдини од Милан. Синот на легендата на „росонерите“, Паоло Малдини, следната сезона ќе игра како позајмен во својот нов тим.
Во договорот на 21-годишниот фудбалер има и откупна клаузула вредна 5 милиони евра. Доколку се активира клаузулата, Милан може да го врати Малдини за 6 милиони евра.
Минатата сезона Даниел Малдини играше како позајмен во Специја. На 20 натпревари постигна три гола.
𝑩𝒆𝒏𝒗𝒆𝒏𝒖𝒕𝒐 𝑫𝒂𝒏𝒊𝒆𝒍 📸📸📸📸 pic.twitter.com/hvsMkxrWwI
— Empoli Football Club Official (@EmpoliFC) July 10, 2023