Сергеј Милинковиќ-Савиќ наскоро ќе стане нов фудбалер на саудискиот Ал-Хилал, откако италијанските медиуми објавија дека Лацио се договориле за трансфер од 40 милиони евра.
Според „Спортиталија“, самиот претседател на Лацио, Клаудио Лотито изјавил дека српскиот репрезентативец „молел“ да му биде дозволен трансфер, а само Ал-Хилал дале понуда, откако Јувентус, Интер и Милан не биле подготвени да ја платат сумата од 40 милиони евра.
Според истите извори, Милинковиќ-Савиќ ќе добива плата од 20 милиони евра годишно и ќе потпише тригодишен договор со опција за уште една сезона. 28-годишниот СМС е во Лацио од 2015 година, кога беше купен од белгискиот Генк за 12 милиони евра и има 341 настап за Лацио и 69 гола и 59 асистенции.