Поранешниот возач на Ферари, Австриецот Герхард Бергер го критикуваше тимот за серијата погрешни одлуки, оценувајќи дека испаничиле и ги отпуштиле погрешните членови на тимот.
На крајот на минатата сезона, Скудерија го отпуштија Матија Биното, долгогодишниот технички директор, кој стана шеф на тимот пред четири години, откако наводно ја загубил довербата на возачите. На негово место пристигна новиот шеф, Фред Васер од Алфа Ромео, но оваа сезона е многу полоша од минатата, губејќи го и местото на најблизок ривал на Ред бул.
Бергер, кој дебитираше за Ферари во 1987 и стигна до 10 победи, вели дека не е ништо ново кога се работи за носењето одлуки во италијанскиот тим.
„Тие едноставно го загубија тактот и ги отпуштија погрешните луѓе. Тоа е сосема јасно според тоа што се случува оваа сезона“, изјави Бергер.
Ферари се на четвртото место во генерален пласман зад Ред бул, Мерцедес и Астон Мартин, а на трките на кои покажаа добра форма како Канада и Австрија, ја „зезнаа“ работата со погрешни тактички одлуки.