Манчестер сити се пред договор со 16-годишниот Херисон Паркер од Манчестер јунајтед, во голем удар за академијата на „ѓаволите“, јавуваат повеќе англиски медиуми.
Јунајтед сакаат да го задржат талентираниот централен бек и му понудиле највисока можна плата за јуниорски играч, но тој ја одбил и е пред потпис со градскиот ривал. Ако се оствари овој трансфер, Сити ќе бидат трет тим за тинејџерот, кој инаку произлезе од академијата на Арсенал пред трансферот во Јунајтед во 2021.