Top Sport

Работнички продолжува со капитенот Крсте Велкоски

ФК Работнички потврди дека капитенот, ветеранот Крсте Велкоски останува во клубот уште една година, откако лани се врати по долгогодишниот престој во Сараево.

35-годишниот поранешен македонски репрезентативец, по третпат е во дресот на „романтичарите“, каде што играше од 2006 до 2008 и од 2014 до 2016 година. Тој помина пет години во дресот на Сараево, каде што исто така ја носеше капитенската лента.

Scroll to Top