Садио Мане нема по добро да ја памети сезоната во Баерн Минхен. Минатото лето беше донесен како големо засилување од Ливерпул, а една година подцна се најде на трансфер листата.
Фудбалскиот клуб Баерн го одреди обештетувањето за сенегалскиот репрезентативец Садио Мане кое изнесува 20 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.
Мане имаше сезона, одигра 38 натпревари и постигна 12 гола со шест асистенции во сите натпреварувања за клубот од Минхен.
Германските медиуми потсетуваат дека Мане по натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер сити го удрил соиграчот Лерој Сане во соблекувалната.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел, следната сезона не смета на Мане, кој неодамна изјави дека нема намера да го напушти шампионот во Бундеслигата.
Германските медиуми тврдат дека поради ова Баерн одредил „симболична отштета“ од 20 милиони евра за сенегалскиот репрезентативец што поскоро да го напушти клубот.
Мане (31) пред Ливерпул играше за Саутемптон, Салцбург и Мец.