Top Sport

Ришарлисон: Конте два часа ме строеше пред соиграчите

Напаѓачот Ришарлисон (26) пристигна од Евертон во Тотенхем во јули 2022 година за 58 милиони евра. Тогашниот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте имаше големи очекувања од напаѓачот, но Ришарлисон постигна три гола и забележа четири асистенции на 35 натпревари. Тотенхем ја заврши сезоната на осмото место во Премиер лигата, а Конте во март го напушти клубот.

Ришарлисон зборуваше за „ESPN“ за тоа како е да се работи со Конте. Бразилецот доби 20 минути да игра на „Сан Сиро“, во осминафиналето на Лигата на шампионите, а по натпреварот изјави: „Да видиме утре што ќе каже Конте… Никој не е будала овде, јас сум професионалец, тренирам секој ден и сакам да играм. Оваа сезона беше заебана. Немам минутажа, но кога ќе излезам на терен, го давам максимумот“.

Бразилецот сега тврди дека погрешил со таа изјава.

„Не требаше да го сторам тоа и да кажам дека заслужувам да играм повеќе. Подоцна му се извинив и му реков да ме казни. На сите им покажа дека тој е главен. Тоа е неговиот начин да се справи со такви работи. Тој пред соиграчите ми викаше реиси два часа“.

Scroll to Top