Бразилскиот напаѓач Витор Роке (18) е нов играч на Барселона. Талентираниот фудбалер потпиша седумгодишен договор со каталонскиот гигант.
За услугите на овој млад напаѓач Барса ќе одвои вкупно 45 милиони евра, додека тој се договори за годишна плата од три милиони евра.
Витор Роке е голема надеж на бразилскиот фудбал. Некои дури го споредуваат со славниот сонародник Роналдо и му предвидуваат светла иднина.
„Феномен. Ништо повеќе не треба да се каже“, рече спортскиот работник Густаво Гроси и продолжува.
„Тој е единствениот фудбалер кој навистина може да стане новиот Роналдо Назарио. Тој има се што имаше Роналдо – брзина, техника, извонредна завршница и натпросечен победнички карактер“, тврди Гроси.
Витор Роке професионалната кариера ја започна во Крузеиро, чиј сопственик е легендарниот Роналдо, но минатата година го напушти клубот и за четири милиони долари се пресели во Атлетико Паранаенсе.
„Малиот тигар“ оваа сезона во Атлетико Паранаенсе одигра вкупно 30 натпревари и има учинок од 15 гола и шест асистенции.
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 12, 2023