Антонио Касано, „лошото момче“ на италијанскиот фудбал, повторно упати жестоки критики кон Кристијано Роналдо. Овојпат поранешниот италијански напаѓач истакна дека за него Роналдо не е меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња.
Антонио Касано, во последните месеци го привлекува вниманието кон себе критикувајќи ги признатите фудбалски имиња.
Своевремено мета на неговите критики беа многу фудбалери и еден од најдобрите тренери на сите времиња Жозе Мурињо, како и италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри.
„Дали постигна повеќе од 800 голови? Да. Дали освои титули? Да. Тој е навистина добар играч, но да се игра добар фудбал е сосема друга работа“, рече Касано, а потоа додаде:
„Да речеме, Зидан и Иниеста не постигнаа ниту половина од неговите голови, но тие се вистински фудбалски генијалци“.