Бордот на Вест хем јунајтед е исфрустриран од одложувањето на трансферот на Деклан Рајс во Арсенал вредедн 105 милиони фунти, тврди „Скај спортс“.
Највисокиот англиски трансфер во историјата беше договорен пред осум дена помеѓу клубовите, но Арсенал уште не ја обезбедиле потребната документација за договорот и во Вест хем расте нервозата. Според „Скај спорт“, Рајс веќе го поминал медицинскиот тест кај Арсенал и заминал на одмор во Португалија пред да се приклучи на тренинзите пред новата сезона кај „топчиите“.
Навивачите на Арсенал се надеваат дека адвокатите ќе ја завршат својата работа пред стартот на турнејата на „топчиите“ на САД следната недела.