Top Sport

Алкараз супериорен против својот поранешен тренинг-партнер Руне

Карлос Алкараз покажа дека е сериозен конкурент за титулата на Вимблдон, откако во дуелот на врсниците, со 7:6(3)/6:4/6:4 го совлада Данецот Холгер Руне за полуфинале на Вимблдон против Русинот Данил Медведев, кој претходно го елиминираше Американецот Кристофер Јубанкс во пет сета.

Во второто полуфинале на „Ол Ингланд клубот“ ќе играат освојувачот на 23 гренд слем трофеи, Србинот Новак Ѓоковиќ и италијанската тениска надеж Јаник Синер.

Најизрамнето беше во првиот сет, кој Руне успеа да го „дотера“ до тај-брејк, во кој загуби со 7:3, по што во следните два сета беше сигурен на својот сервис и направи по еден брејк за да ја запечати победата по само 2 часа и 23 минути игра на „Централниот терен“.

„Ова е неверојатно за мене, да се игра на овој прекрасен турнир и да се стигне до полуфиналето. Мислам дека играв на добро ниво, што беше потребно против Холгер. Тој ми е пријател, но кога ќе се сретнеме на терените, тогаш пријателството останува на страна“, вели Алкараз.

Scroll to Top