Македонскиот претставник Шкендија го победи Хаверфордвест, тимот од Велс, со 1:0 во првиот натпревар од воведното коло во Конференциската лига. Тимот на Ардијан Нухиу беше надмоќен на теренот, создаде неколку шанси, но реализацијата не беше на потребното ниво.
Во првиот дел, најголем дел од обидите на напаѓачите не беа прецизни. Веднаш по одморот, сепак, Шкендија пронајде начин како да ја затресе мрежата на гостите.
Аденис Шала постигна гол во 47.минута, по проигрувањето од Ардиан Лимани. До крајот Шкендија можеше да обезбеди и поубедлива предност, но ефиасноста не беше на ниво.
Реваншот се игра за седум дена во Велс.
Фото: Игор Паневски
Adenis Shala breaks the deadlock!
Ardian Limani with the assist!
📽️ @Sohaib_Thatpic.twitter.com/qD1wahXAvC— Football Report (@FootballReprt) July 13, 2023