Душан Тадиќ, капитенот на Ајакс, го напушти тимот од Амстердам, потврдија од клубот.
Веста први ја пренесоа сите холандски медиуми кои наведоа дека Ајакс однапред подготвиле проштално видео.
Потврдата на клубот на официјалната веб-страница, како и на социјалните мрежи, дека играчот ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот е набрзо беше објавена.
Тадиќ наводно бил незадоволен од позицијата на која се наоѓа тимот, како и од сопствениот статус кај новиот спортски директор Свен Мислинтант. Двајцата разговарале во четвртокот, по што одлучиле дека е најдобро да одат по својот пат.
За пет години во Холандија, Тадиќ одигра 241 натпревар и за тоа време постигна 105 гола и даде 112 асистенции.
Главен кандидат за неговиот потпис е турски Бешикташ. Тадиќ во Турција би требало да заработи 3,5 милиони евра, а договорот би бил на две години со можност за продолжување на соработката за уште една година.