Во прегледот по првите натпревари на Конференциската лига, УЕФА издвои неколку интересни факти, а интересно е што села, некои помали места и мали градови имаат свој претставник во Европа оваа сезона.
УЕФА објави дека најмногу гледачи, во првите натпревари, имало на „Грбавица“ во Сараево, каде токуму со помош на навивачите, Железничар избори 2:2 против Динамо Минск. Натпреварот го следеле 13.050 навивачи.
Интересно, сите жители на Нордрагота на Фарските острови, вкупно 648, можат да застанат во неколку редови на стадионот „Грбавица“. Нордрагота е најмалото место кое сезонава има претставник во Европа.
🏙️ Smallest places represented in the first qualifying round of the European club competitions:
🇫🇴 Norðragøta (648 inhabitants)
🇸🇲 Montegiardino (1,003)
🇲🇹 Balzan (4,689)
🇫🇴 Klaksvík (5,024)
🇽🇰 Klinë (5,542)
🇱🇮 Vaduz (5,747)
🇱🇺 Niederkorn (7,272)
🇪🇪 Paide (7,926) pic.twitter.com/moUNuyZdkJ— The Sweeper (@SweeperPod) July 14, 2023
Во првиот натпревар Викингур Гота играше како гостин во Андора кај Интер Ескаладес и загуби со 2:1, па следната недела ќе се обидат да се пласираат во второто коло на својот стадион Серпугерди кој има 440 седишта.
Градот Монтеџардино има 1.003 жители и е дом на тимовите Космос и Ла Фиорита кои го претставуваат Сан Марино. Овој град ќе ја пречека Сутјеска од Никишиќ следната недела во реваншот против Космос. Првиот натпревар во Црна Гора заврши со победа на Сутјеска од 1:0.
Балзан приреди сензација и го совлада Домжале на гости со 4:1. Реваншот во Малта ќе биде историска шанса за Балзан, а натпреварите ќе се играат во истоимениот град со 4.689 жители.
Претставници во Конференциската лига има и малото гратче Клаксвик на Фарските Острови, кое според последниот попис има 5.024 жители.
Клин, малото гратче на Косово со 5.542 жители, има свој претставник, исто така тимот на Дукаѓини, кој во првиот натпревар ја совлада Европа ФК со 2:1 и ќе ја брани предноста на реваншот во Гибралтар.
Вадуц, главниот град на Лихтенштајн (5.747), потоа Нидерекорн во Луксембург (7.272), Паиде во Естонија (7.926) се некои други помали градови кои имаат клубови во Европа оваа сезона.