Македонската репрезентација, играчи до 20 години, вечерва го игра најзначајниот натпревар на Европското првенство Б-дивизија. Македонија во полуфиналето за противник ја има Украина. Победникот не само што ќе се пласира во финалето туку и ќе избори пласман во елитната А-дивизија.
Пред вечерашното полуфинале, јасно е дека нашиот стручен штба предводен од селекотор Никола Василев ќе треба да обрне особено внимание на играчот со бројот „6“ во противничката екипа, Олександр Кобсистји кој во претходната рунда постигна 24 поени и 8 скока.
Ако се земат в предвид статистичките параметри во претходно одиграните пет натпревари, впечаток е дека станува збор за доста изедначени селекции.
И двете имаат ефект од четири победи и еден пораз.
Украинците имаат нешто подобра реализација во шутот од поле (56.2% спрема 52%) и од линијата за слободни фрлања (68.7% спрема 66.1%, додека ние сме подобри реализатори во обидите вредни три поени (29% во однос на 27.5%).
Македонија има поголем број скокови во однос на Украина.
Подобро поентираме од Украинците од т.н. „втора шанса“, а нашата клупа во просек постигнува повеќе поени во однос на украинската (26 спрема 22.6).
Украина подобро ги реализира „контранападите“ преку кои дава по 13.4 поени (ние 10.6), а дава и повеќе поени во рекетот (38.8 спроти 37.6).
Во групата фаза дадовме 316 поени, примивме 264 (просек од 63.2 дадени, и 52.8 примени поени), Украина имаше 334 реализирани поени (66.8 по меч), а 257 примени (51.4 по натпревар)
Дадовме 66, а примивме само 49 во четвртфиналето против Велика Британија, Украина пак постигна еден поен повеќе во четвртфиналата битка со Холандија (победа од 67:49), што е уште еден показател плус за изедначеноста на двете репрезентации пред вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“ (18.30 часот).
Во второто полуфинале два часа подоцна ќе играат чешка и Шведска.
Извор/ kfsm.mk