Големиот холандски талент Чави Симонс се враќа во Пари Сен Жермен.
Симонс е во ПСЖ од 2019 година, кога пристигна од Барселона, но минатата година парижаните го испратија во ПСВ. Таму младиот офанзивец минатата сезона постигна 22 гола и забележа 12 асистенции на 48 натпревари, па ПСЖ реши да ја искористи опцијата да го врати за само шест милиони евра.
Симонс ќе остане во парискиот тим доколку клубот го напуштат Нејмар или Килијан Мбапе, а доколку останат двајцата, Симонс ќе биде позајмен во друг клуб.