Top Sport

СМС одбил осум милиони евра од ПСЖ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС) ја одбил понудата на ПСЖ, во летниот преоден рок да се пресели во Париз. Францускиот првак му понудил на СМС годишна плата од осум милиони евра, изјавил менаџерот на фудбалерот на Лацио, Матеја Кежман.

СМС не сакал да ја прифати понудата од Франција, бидејќи имал голема желба да избори пласман во Лигата на шампионите со екипата на Лацио.

„Можеше да заработува многу повеќе во некој друг клуб, доби интересни понуди. Во Франција му беше понуден договор од осум милиони евра, но реши да остане и да се обиде со Лацио да избори пласман во Лигата на шампионите“, изјавил Кежман за „Газета дело спорт“.

Менаџерот на СМС, дополнил дека по разговорите со претседателот на клубот и спортскиот директор, Клаудио Лотито и Игли Таре, се согласил неговиот клиент да остане во клубот.

Според него, СМС наскоро ќе добие нов договор, со годишна плата што нема да биде помала од три милиони евра.

„Ги договоривме сите услови, наскоро ќе биде потпишан новиот договор“, потврдил Кежман.

Тој рекол дека неговиот клиент не вреди помалку од 100 милиони евра, во ситуација кога некои клубови се подготвени да издвојат 70 или 80 милиони евра за голман.

Во летниот преоден рок интерес за СМС покажуваа Јувентус, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Челси.

Scroll to Top