Top Sport

Ингебригстен постави нов европски рекорд

Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригстен го подобри сопствениот европски рекорд во дисциплината 1.500 метри. Новиот најдобар резултата во оваа дисциплина, Ингебригстен го постави на митингот на Дијамантската лига во Хожов.

Актуелниот олимписки шампион делницата ја истрча за три минути, 27 секунди и 14 стотинки. Со овој резултат Норвежанецот најави дека ќе биде прв фаворит за златниот медал на Светското првенство кое за еден месец ќе се одржи во Будимпешта.

Ингебригстен е актуелен светски рекордер на 1.500 метри во сала.

Scroll to Top