Top Sport

Манчестер сити од денеска повеќе не е највредниот тим на светот

Манчестер сити повеќе не е највредниот фудбалски тим на светот. Приматот му го зеде ривалот од Премиер лигата, Арсенал.

„Трансфермаркт“ ги пресмета новите вредности на светските клубови со оглед на влезните и излезните трансфери што ги направиле. Од денеска, после повеќе од две години, Манчестер сити не е највредниот тим на светот, таа „титула“ сега ја има Арсенал.

„Топџиите“, според „Трансфермаркт“ вредат 1,2 милијарди евра, а Манчестер сити 1,19 милијарди евра.

„Титулата“ на Арсенал му ја донесе трансферот на Деклан Рајс кој од Вест Хем пристигна во Арсенал. За него е платено обештетување од 123 милиони евра, што го прави најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.

Него сакаше да го доведе и европскиот шампион Манчестер Сити, но се откажа откако Вест Хем ја одби понудата од 105 милиони евра. Рајс на тој начин стана поскап од претходниот рекордер Енцо Фернандез, кого Челзи го донесе за 121 милион евра.

Scroll to Top