Бразилецот Марсело ги демантирал шпекулациите дека од Реал Мадрид, по завршувањето на сезоната, ќе се пресели во Јувентус.
Според шпанските медуми, Марселона не е во добри односи со новиот тренер на тимот, Хулен Лопетеги, поради што бројни европски медиуми шпекулираат дека тој би можел да ју се приклучи на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус.
Портгалецот, во летниот преоден рок, од Мадрид замина во Торино. Јувентус за неговиот трансфер издвои 105 милиони евра.
„Социјалните мрежи овозможуваат поврзување на играчите и навивачите, но тука има многу измислици, како што се некои луѓе, кои со своите мислења креираат слика што реално не постои. Видов многу измислици. Ќе останам во Мадрид до крајот на кариерата“, изјавил Марселона за „Реал Мадрид ТВ“.
Бразилецот во Реал пристигна во 2007 година од редовите на Флуминенсе. Со „кралскиот клуб“ има освоено четири трофеи во шпанското првенство и во Лигата на шампионите.