Астон вила се единствениот клуб кој покажува „вистинси“ интерес за трансфер на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, тврди „Марка“, со што шпанскиот клуб е ставен во незавидна позиција.
Португалецот помина половина сезона како позајмен играч во Челси, каде што не се изнаигра, а е непожелен во тимот на Диего Симеоне и има зелено светло да баара нов клуб. Но, тој веќе ја одби Астон вила во јануарскиот преоден рок кога замина во Челси, и сака да игра во клуб кој игра во Лигата на шампиони.
Феликс би сакал да замине во Пари Сен-Жермен, и неговите агенти веќе контактирале со францускиот шампион, меѓутоа тие не покажале голем интерес.