Top Sport

Јунајтед одбиле да го пратат Мегваер на позајмица во Вест хем

Манчестер јунајтед ја одбиле понудата од Вест хем за позајмица на поранешниот капитен, Хери Мегваер, сметајќи на целосна продажба на дефанзивецот, јавува „Гардијан“.

„Чеканите“ се обидуваат да ја засилат одбраната пред новата сезона, а Мегваер е совршена опција, посебно откако во неделата, тој потврди дека му е одземена капитенската лента од менаџерот Ерик Тен Хаг со голем број на шпекулации дека тој е на трансфер листата. Вест хем сакале да го добијат Мегваер на позајмица со опција за откуп на договорот, но сметаат дека сумата од 40-50 милиони фунти која ја бараат „ѓаволите“ за постојан трансфер е превисока.

„Ѓаволите“ потрошија 80 милиони фунти на трансфер на 30-годишниот Мегваер во 2019 година, и според „Гардијан“, клубот нема да го приморува да замине. „Скај спортс“, пак тврдат дека покрај Вест хем, за Мегваер се заинтересирани и Њукасл и Тотенхем, но и неочекувано, Челси.

Scroll to Top