Менаџерот на Арсенал, Микел Артета бизарно го опиша своето скапо засилување Деклан Рајс како „светилник“, кој ќе донесе физичка сила која недостасуваше на „топчиите“ и ќе ги „осветли“ своите соиграчи и додава дека Арсенал уште не завршиле со трансферите.
На првиот ден од американската турнеја, денеска Арсенал тренираше на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вашингтон, со новите засилувања Рајс, Џуриен Тимбер и Каи Хаверц во соствот.
„Рајс носи лидерство, ауроа и искуство кое го има во лигата. Тој ќе донесе поинаква димензија во нашиот тим. Ги има физичките квалитети кои ни недостасуваа подолго време. Затоа моравме да го направиме тоа што го направивме за да го донесеме, бидејќи тој е многу важен во моите планови. За мене, Деклан е како светилник, го праќа светло кон другите играчи, ги прави подобри. Тоа е неверојатен квалитет. Да си фудбалер од средниот ред мораш да го имаше тоа и тој го има 100 отсто. Начинот на кој зборува, на кој се претставува пред светот и амбицијата која ја има е нешто што ни беше потребно“, вели Артета.
И покрај потрошените над 200 милиони фунти ова лето, Артета најави дека може да очекуваме уште засилувања за „топчиите“.
„Ќе видиме, има уште многу време во летниот преоден рок. Имам големи очекувања од некои од нашите фудбалери, така што ќе видиме што ќе се случи во следните неколку недели, има време за пристигнување, но и за заминување“, објаснува тренерот.
🗣 "A lot of qualities, a lot of leadership, a lot of experience in the league. We are delighted to have him."
Mikel Arteta outlines what Declan Rice can bring to this Arsenal team 🔴 pic.twitter.com/Dcz6rgoeht
— Football Daily (@footballdaily) July 17, 2023