Top Sport

РК Вардар 1961 налета на Некар Ловен во квалификациите за Лига Европа

Ракометниот клуб Вардар 1961 го доби веројатно најтешкиот ривал во квалификациите за Лига Европа. Германскиот клуб Рајн Некар Ловен ќе биде пречката за „црвено-црните“ до групите во ова европско натпреварување.


Првите натпревари се играат на 26/27 август, а реваншите се седум дена подоцна.

Во групната фаза во ова натпреварување од македонските клубови директно место обезбеди Алкалоид како вицепрвак, кој противниците ќе ги дознае во петок.

Scroll to Top