Британското обвинителство потврди дека се откажуваат од случајот за домашно насилство против легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс.
Велшанецот требаше по вторпат да се појави пред судот на 31 јули со обвинение за насилничко однесување кон неговата поранешна девојка, Кејт Гревил од 2017 до 2020 година. Гигс беше обвинет дека ја нападнал Гревил и нејзината сестра Ема пред нивниот дом во ноември 2020. Првото судење заврши во август 2022, кога поротата не донесе одлука.
Обвинителот Питер Рајт потврди дека случајот не продолжува бидејќи Гревил „не покажала волја“ дда ги даде потребните докази и дека веќе не е во јавен интерес да се прододлжи со случајот.
Гигс, во својата 23-годишна кариера во која играше само за Манчестер јунајтед, освои 13 титули од Премиерлигата, 2 од Лигата на шампионите и имаше 963 настапи за клубот. Тој се повлече од позицијата селектор на Велс минатиот јуни за да не ги нарушува подготовките за Светско првенство во Катар.