Top Sport

Баерн го продаваат Кимих за да соберат пари за трансферот на Кејн

Баерн Минхен се подготвени да разгледаат понуди за Џошуа Кимих, со Ливерпул како прв фаворит за неговиот потпис во обид да соберат средства за трансферот на Хери Кејн од Тотенхем, тврди германскиот магазин „Кикер“.

28-годишниот Кимих беше еден од клучните играчи во Баерн последните неколку сезони, со 350 настапи од трансферот од РБ Лајпциг во 2015 година, освојувајќи осум титули од Бундеслигата и титула од Лигата на шампионите во 2020. Но, под водство на новиот тренер Томас Тухел, летово треба да биде клучно во градење на нов силен тим, и Хери Кејн би бил совршено засилување.

Ливерпул, пак, кои веќе ги донесоа Доминик Собослаи и Алексис Мекалистер за околу 150 милиони фунти, имаат доста неизвесности околу средината на теренот – Фабињо е пред трансфер во Ал-Итихад, а иднинат на капитенот Џордан Хендерсон исто така е неизвесна. Јирген Клоп е голем фан на Кимих и подолго време има интерес во Германецот.

Scroll to Top