Top Sport

За ултрасите на Интер, Лукаку ќе остане запаметен како предавник

„Курва Норд“, ултрасите на Интер преку Инстаграм го нападнаа Ромелу Лукаку, нарекувајќи го предавник на клубот по појавувањето на шпекулациите дека преговара за трансфер во Јувентус.

Интер ги прекинаа преговорите со Челси за можно купување на белгискиот напаѓач, откако тој бил недостапен за директорите и соиграчите од Интер.

„Никогаш нема повеќе да те видидме Лукаку. Ти не предаде сите нас. Секогаш бевме покрај тебе во тешките моменти, ти сега ни забиваш нож во грб. Се продаваш на тој што дава најмногу пари иако го бакнуваше нашиот грб како евтин наемник. Пред да станеш шампион, треба да си маж, а ти не си тоа“, се вели во нивната објава.

Лукаку пристигна во Интер од Манчестер јунајтед во 2019 за рекордни 75 милиони фунти, и имаше одлични две сезони, пред Челси да го врати на „Стемфорд Бриџ“ во 2021. Но, по лошата сезона со „сините“, тој беше вратен како позајмен играч минатата сезона.

Scroll to Top