Брајтон ја одбиле и втората понуда од Челси за Моисес Каиседо вредна 70 милиони фунти, јавува „ЕСПН“. Челси веќе дадоа прва понуда од 60 милиони фунти минатиот месец, но Брајтон останува на проценетата цена од 100 милиони фунти.
Маурисио Почетино сака да го засили средниот ред по заминувањето на Матео Ковачиќ во Манчестер сити и Н’Голо Канте во Ал-Итихад и се очекува Челси да продолжат со преговорите со Брајтон.
21-годишниот Каиседо веќе беше предмет на интерес на Арсенал во јануари, но „топчиите“ се решија за Деклан Рајс за кого платија 105 милиони фунти на Вест хем. Тој има договор со Брајтон до 2026/27.