Седумкратниот светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон открива дека во некои други тимови имало многу расистички коментари, нешто што му го открил поранешниот возач на Ред бул и Ферари, четирикратниот шампион Себастијан Фетел.
Возачот на Мерцедес во 2020 година ја предводеше кампањата за расна еднаквост во спортот, инспириран од протестите во САД по убиството на Џорџ Флојд. Хамилтон тогаш успеа Ф1 да ја поддржи кампањата „Black Lives Matter и охрабри дел од возачите да клекнуваат пред трките.
„Мораме да најдеме начин да направиме луѓето да имаат емпатија. Понекогаш си помислувам, зошто на никој друг не му е грижа? Себастијан беше тој што најмногу ме подржуваше. Тој ми кажа дека во некои тимови кажуваа расистички коментари за мене. Тој клечеше со мене во 2020 и не сум видел толку храбар возач. За да живееме подобро, мораме да направиме промени. Го ризикуваме животот барајќи свесност“, вели Хамилтон во интервју за „ДАЗН“.