Баерн Минхен ги почнаа подготовките за новата сезона со меч со локалниот клуб Ротах-Егерн, во кој ја покажаа својата безмилосност, победувајќи со неверојатни 27:0.
На „пријателскиот“ меч во првото полувреме имаше 18 гола во мрежата на Ротах, а дури 13 играчи на тимот на Томас Тухел се запишаа во листата на стрелците.
Џамал Мусијала даде пет гола во првото полувреме исто колку и Матијс Тел, додека повратникот во тимот, Марсел Забицер заби пет гола во второто.