Најмалку две лица се убиени во смртоносна престрелка во Окленд, Нов Зеланд, само неколку часа пред почетокот на Светското првенство за жени. Денеска, на стадион „Еден Парк“, Нов Зеланд игра со Норвешка.
Светското првенство за жени ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август. Пукањето се случило во близина на хотелот во кој е сместена норвешката репрезентација.
Полицијата соопшти дека има и најмалку шест повредени со различен степен на повреди. Потврдено е дека напаѓачот бил ликвидиран од властите.
„Известени сме дека ова е изолиран инцидент и не е поврзан со фудбалските настани во градот и со отворањето на Светското првенство, што ќе се одржи денеска според предвидената програма“, соопшти ФИФА.
🚨#BREAKING: At least 6 people injured after shooting in #Auckland, New Zealand
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) July 19, 2023