Top Sport

Ѓоковиќ: Федерер и Надал и мене ми беа примери

Новак Ѓоковиќ може да се пофали дека има позитивен скор против двајцата најголеми тенисери последната деценија – Роџер Федерер (24-22) и Рафаел Надал (27-25), и вели дека не било лесно тоа да се постигне.

„Тие беа пред мене, но во последните години имав некои големи победи за да ги поминам. Ривалството нема некоја траекторија која можете да ја препознаете. Поминаа 10 или 15 години, а понекогаш јас победувам два-три пати, понекогаш тие. Во мечевите со нив, секогаш одлучуваат нијанси и малку поени. Моето ривалство, посебно со Надал, е навистина неверојатно. Одигравме толку многу мечеви“, вели Ѓоковиќ.

Србинот признава дека го гледал последниот документарен филм „Удари на генијалноста“ (Strokes of Genius), во кој се опишува ривалството на Федерер и Надал и славното финале на Вимблдон во 2008 година.

„Тоа беше навистина луд филм. Се залепив на екранот гледајќи и Рафа и Роџер и прославувајќи го нивниот гениј. Мислам дека тие двајца беа вистински пример на и надвор од тенискиот терен за многумина, вклучувајќи ме и мене“, додава Србинот.

Scroll to Top