Top Sport

Македонија остана на 68. место на ранкингот на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 68. позиција на ранкингот на ФИФА и покрај двата порази кои ги забележа во јунскиот квалификациски циклус.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски загубија дома од Украина со 2:3, а потоа беа убедливо поразени од Англија со 7:0 на „Олд Трафорд“.

Во септември, Македонија ќе ја пречека Италија, а потоа ќе гостува во Малта.

На врвот на ФИФА листата и понатаму е светскиот првак Аргентина, пред Франција и Бразил, а во првите десет селекции има место и за Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и за Шпанија.

 

Scroll to Top