Top Sport

Милан сака да го прати Де Кетеларе во ПСВ, Белгиецот одбива

Шарл де Кетеларе се врати на тренинзи со Милан и одбива да ја прифати позајмицата во ПСВ Ајндховен, тврди „Тутомеркато“. 22-годишниот белгиски фудбалер од средниот ред пристигна на „Сан Сиро“ од Клуб Бриж минатата сезона со големи очекувања, но имаше крајно разочарувачка сезона со само една асистенција во 40 меча.

ПСВ Ајндховен не се подготвени да ја платат цената од 30 милиони евра која ја бара Милан, но би го земале Де Кетеларе како позајмен играч.

Белгиецот ја одбива оваа можност и сака да се бори за своето место во првиот тим, и ќе патува со „росонерите“ на турнејата во САД.

Scroll to Top