Top Sport

Бруно Фернандеш и официјално нов капитен на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед и официјално потврдија дека Бруно Фернандеш е нов капитен на клубот, откако менаџерот Ерик Тен Хаг претходно му ја одзеде капитенската лента на Хери Мегваер.

Португалскиот играч до средниот ред има 185 настапи и 64 гола и 54 асистенции по трансферот од Спортинг Лисабон во 2020 година, а минатата година повеќе пати ја носеше капитенската лента бидејќи Мегваер немаше сигурно место во стартниот тим.

Мегваер, пак, има несигурно место во првиот тим на Тен Хаг и повеќе шпекулации го поврзуваат со трансфер во Вест хем, Њукасл или Тотенхем.

Scroll to Top