Кристијан Пулишиќ дебитираше во дресот на Милан во пријателскиот меч со нисколигашот Лумецане, кој „росонерите“ го добија со 7:0 во меч со две полувремиња од половина час.
Пулишиќ беше стартер и асистираше на Томасо Побега за головите во 5. и 17. минута, а веднаш потоа голови дадоа и Жуниор Месијас и Лоренцо Коломбо пред крајот на првото полувреме. Коломбо додаде уште еден гол во 42. минута, новакот Лука Ромеро од пенал зголеми на 6:0 во финишот на мечот, пред Кевин Цероли да ги постави конечните 7:0.