Top Sport

Лалас: Шопингот на Меси во супермаркет е „наместен“ од Интер Мајами

Посетата на Лионел Меси во супермаркет во Мајми со неговата сопруга Антонело Рокуцо е „наместен“ од неговиот нов клуб, Интер Мајами, вели легендата на американскиот фудбал, Алекси Лалас.

Пред да се официјализира трансферот во Интер Мајами, Меси беше забележан во супермаркетот „Публикс“ во Мајами со неговата сопруга и со трите деца и Лалас инсистира дека се работи за промотивен трик.

„Секако дека тоа беше организирано. Меси беше нов во грдот и што правиш кога си нов? Го полниш фрижидерот. Одеднаш тој е во ‘Публикс’. За тие што не знаат, ‘Публикс’ е продавница далеку од главните делови на Мајами. И тој одеднаш е таму да го полни фрижидерот. Одете на веб-сајтот на Интер Мајами и видете дека еден од нивните партнери се токму тие. Секако, тоа беше брилијантно, но не беше спонтано, тоа е сигурно“, вели Лалас.

Scroll to Top