Седумкратниот шампион Луис Хамилтон ја критикуваше безмилосноста на Ред бул рејсинг, откако Ник де Фрис доби отказ по само 10 трки за Алфа Таури.
Даниел Рикардо доби нова шанса, заменувајќи го Де Фрис во јуниорскиот тим на Алфа Таури за последните 12 трррки од сезоната, почнувајќи од Унгарското ГП овој викенд, додека 28-годишниот Де Фрис по слабите први 10 трки доби отказ од советникот Хелмут Марко 48 часа по освојувањето на последното место на Британското ГП.
„Не сум изненаден што го гледам Даниел назад во Формула 1, но бев изненаден од одлуката која ја донесоа за кутриот Ник. Тој е талентиран млад човек и добро момче и за него иднината е светла и сигурен сум дека ќе има шанси во иднина да се докаже. Но, тоа е начинот на кој Ред бул го прават тоа“, изјави Хамилтон во Унгарија.
Кога му беше посочено дека така функционира во сите Ф1 тимови, Хамилтон инсистираше: „Не, би кажал дека така работи Ред бул“.
Hamilton on de Vries sacking: ‘That’s how Red Bull works’
Full story 👉 https://t.co/PIKKQlcymn
#AlphaTauri #DeVries #F1 #Hamilton #RedBullhttps://t.co/PIKKQlcymn— Motorsport Week (@MotorsportWeek) July 20, 2023