Top Sport

Сериозна повреда за Давид Силва, ги скина вкрстените лигаменти на коленото

Минатата сезона Реал Сосиедад обезбеди учество во групната фаза од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за успехот беше Давид Силва. Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити и на шпанската репрезентација го напуштил тренингот на Реал Сосиедад поради тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото на левата нога.

Лекарите открија дека Силва најверојатно ќе го пропушти првиот дел од претстојната сезона, а на терените би требало да се врати дури во 2024 година.

Иако следниот јануари ќе наполни 38 години, Давид Силва е многу важен дел од баскискиот тим за кој минатата сезона одигра 38 натпревари и со три гола и седум асистенции многу придонесе за четвртото место во Ла Лига.

Брилијантниот играч за врска ќе ја пропушти групната фаза од Лигата на шампионите, но ќе биде тука да му помогне на тимот доколку успее да презими во Европа.

Scroll to Top