Нотингем форест се блиску до договор со Манчестер јунајтед за трансферот на голманот Дин Хендерсон и напаѓачот Антони Еланга, тврди „Тајмс“.
26-годишниот Хендерсон минатата сезона ја помина на позајмица во Нотингем и сака да направи постојан трансфер по пристигнувањето на Андре Онана, додека шведското крило Еланга не доби голема шанса под Ерик Тен Хаг и тие се подготвени да го продадат за 10 милиони фунти. Евертон претходно беа заинтересирани за 21-годишниот шведски репрезентативец, но тој го одбил овој трансфер