Шарл Леклер во Ферари го постави најдоброто време на вториот тренинг за Унгарското ГП овој викенд, додека изненадувачки фаворитите од Ред бул имаа слаб пласман – Макс Ферстапен беше само 11. со 0.593 секунди заостанување зад првопласираниот, додека Серхио Перез, кој имаше тежок судир во првата сесија, со поправениот болид заврши на 18. место со 1.292 секунди послабо време.
Зад Леклер беше возачот на Мекларен, Лендо Норис, додека во топ 5 беа и Пјер Гасли во Алпин, Јуки Цунода во Алфа Таури и Естебан Окон во вториот болид на Алпин.
Даниел Рикардо, во својот камбек во Ф1 заврши на 14. место далеку зад својот колега Цунода.
FP1 REPORT: Perez crashes out of FP1 as Russell tops a rain-affected first practice session at the Hungaroring 🇭🇺#HungarianGP #F1 https://t.co/SJP561yMCS
— Formula 1 (@F1) July 21, 2023