Арсенал се подготвени за храбар обид да го добијат Килијан Мбапе во летниот преоден рок и се подготвени да го продадат Габриел Мартинели да го реализираат трансферот, тврди „Гол“.
„Топчиите“ сметаат на фактот што во минатото Мбапе јавно зборуваше позитивни работи за клубот и веруваат дека тој би преферирал трансфер во северен Лондон пред другите англиски ривали. Челси исто така имаат интерес за Французинот, но Арсенал се подготвени да дадат официјална понуда до ПСЖ.
Мбапе е во конфликт со својот клуб, откако потврди дека не планира да го продолжи договорот и сака да замине на крајот на следната сезона, но ПСЖ не сакаат да го пуштат бесплатно и го поставија на трансфер-листата. Тие дури го пратија Мбапе да тренира со резервите и не го поставија во составот кој ќе патува на азиската турнеја. Од друга страна, француските медиуми тврдат дека Мбапе е подготвен да ја помине целата сезона на клупата за да може да замине како слободен играч во Реал Мадрид.
Иако шансите на Арсенал да го добијат Мбапе изгледаат минимални поради огромната сума, ќе биде интересно да се следи ситуацијата.